КАМПИНГ НА ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИJАТА — МОГИЛА
Организаторот на „Фестивалот на пивото 2019″, за сите посетители обезбедува кампинг во паркот на Могилата на непобедените.
Кампувањето е бесплатно за сите кампери и не е потребна претходна најава или регистрација.
Кампингот се наоѓа на обележана локација на паркот на револуцијата — Могила и е на само 10 мин пешачење до фестивалот.
Во состав на кампингот се наоѓаат бројни спортски комплекси кои камперите можат да ги користат за време на својот престој.
Организаторот за камперите обезбедува:
–Бесплатен кампинг простор со комплетно обезбедени хигиенски и санитарни услови
–Паркинг
–Доручек,кафе и чај за камперите секое утро во 09.00 часот
–Користење на туш кабини: 08.00 – 10.00 и 16.00 –18.00 часот
Не е дозволено:
–Внесување и користење на дрога и опојни супстанции
–Носење на оружје и распрскувачки материјали
–Фрлање на отпад
–Пиротехника и запаливи средства
–Палење оган
–Паркирање на зелените површини
–Миленичиња
–Нарушување на јавниот ред и мир во кампингот
Во насока на зачувување на здрава животна средина и чистотата на паркот, обезбедени се и маркирани соодветни корпи за отпадоци!
За подетални информации , јавете се на мобилниот телефон +389 (0)78 261 399 или на e-mail адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.