Над 30 000 посетители на првиот ден од „Пиво фест“ во Прилеп

FAN 3110

„Ви посакувам убави поминати забавни вечери сите овие 4 дена од Пиво фест, а воедно уживајте во добрата забава, вкусната скара и ладното пиво. На здравје“, истакна синоќа на отворањето на 18-от ред Пиво фест во Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески. 

Пиво фест е најмасовната и најпозната фестивалска манифестација во Македонија. Пред присутните настапија:  Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК и Џамбо Агушев оркестра. Посетителите велат дека по 2 години пауза полека се враќа стариот сјај на Фестивалот. 

„Нема подобро, треба дружба, ние доаѓаме од Скопје“, вели еден посетител.

„Од странство сум, годинава прв пат сум, оценката е чиста 10 за фестивалот“, вели друг посетител.

„Пиво фест е најдобар фестивал, на здравје, ние доаѓаме од Австралија“, рече трет посетител.

„И атмосферата би рекол дека е супер после 2 годинии пандемија и разни кризи, атмосферата е одлична“, додаде друг посетител.

„Одлично е, треба да дојдат сите, најмногу ми се допаѓа музиката“, истакна една посетителка.

Задоволни се и угостителите. Велат дека како за почеток на фестивалот имало доста посетители. Најголемиот број посетители се очекуваат денеска и за време на викендот. 

„Атмосферата од 1 до 10 е чиста 10-ка. Има муштерии се е во ред, очекуваме во наредните денови да биде уште појако“, вели еден угостител.

„Некаде од пладне започнаа да не посетуваат гости и цело време е полно еве се до вечерва. И како што разбрав сите соби и апартмани кои се издаваат во Прилеп се букирани од гости од надвор“, изјави друг угостител.

Општина Прилеп очекува Фестивалот за 4 дена да го посетат околу 100.000 посетители. Овој Фестивал има големо значење за локалната економија во Прилеп. Вечерва настапуваат: Рок Блуз Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, Brass Broth­ers, додека пак на алтернативната сцена ќе настапaт DJ Anna Noo­dle и Lili Diva.

извор: sitel.com.mk