Со настапи на повеќе музичари од земјава и соседството, со бројна публика и посетители на штандовите, вечер завршува четиридневниот, 18-ти по ред Пивофест во Прилеп.
Синоќешната, саботна вечер, традиционално, беше најпосетена со илјадна публика која уживаше во забавата и дегустацијата на пенливите пијалаци и вкусната скара. Имаше гости од повеќе градови од земјава, како и нашинците кои живеат во странство. Прилепчани се убедени дека Фестивалот ги исполнува очекувањата. За градот е добро што традицијата продолжува.
Илјадната публика на третата фестивалска вечер на “Пиво Фест” немаше време да здивне по настапите на Лозано, “Некст Тајм”, “Супер Хикс” и Ламбе Алабаковски, затоа што веднаш после нив на сцената застана босанскиот шармер, Хари Варешановиќ и неговиот бенд.
Повеќе: Хари Мата Хари и Сараевско пиво приредија ноќ за паметење во Прилеп
Илјадната публика на третата фестивалска вечер на „Пиво Фест” со нетрпение го очекуваше настапот на Ламбе Алабаковски, а тој возврати со многу емоции на сцената.
Пред неговиот настап рече дека неговите мисли денеска се со Македонија и не му е до пеење, а настапот го започна со една од неговите најпознати песни „Земјо моја”.
Во еден момент Ламбе од публиката доби знаме со сонцето од Кутлеш и гордо го развиори, потег кој беше поздравен со громогласен аплауз.
„Ви посакувам убави поминати забавни вечери сите овие 4 дена од Пиво фест, а воедно уживајте во добрата забава, вкусната скара и ладното пиво. На здравје“, истакна синоќа на отворањето на 18-от ред Пиво фест во Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески.
Пиво фест е најмасовната и најпозната фестивалска манифестација во Македонија. Пред присутните настапија: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК и Џамбо Агушев оркестра. Посетителите велат дека по 2 години пауза полека се враќа стариот сјај на Фестивалот.
„Нема подобро, треба дружба, ние доаѓаме од Скопје“, вели еден посетител.
„Од странство сум, годинава прв пат сум, оценката е чиста 10 за фестивалот“, вели друг посетител.
Повеќе: Над 30 000 посетители на првиот ден од „Пиво фест“ во Прилеп