web

Пиво Фест 2022: Вечерва се очекува најмасовна посетеност на фестивалот

11112

Во Прилеп се одржува фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пиво Фест 2022“.

Штандовите и за време на втората фестивалска вечер беа преполни со посетители, а забавата која започна во 19 часот со настапот на Рок Блуз бенд, продолжи со настапите на Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, за да кулминира со енергичниот настап на Брас Брадрс. На алтернативната сцена свои дј сетови имаа Dj Anna Noo­dle и Dj Lili Diva.

Денес се очекува и најмасовна посетеност на фестивалот. Бројот на посетители досега е големо изненадување и според организаторите далеку над сите очекувања и прогнози за првите два дена. Со вчерашниот настап на Дивље Јагоде и денешниот на Хара Мата Хари, веќе во градот може да се забележат и гости од регионот.

Втората вечер помина во најдобар ред, без никави проблеми, а сабајлево градот блесна во сиот сјај, подготвен да ги пречека сите кои од рано утрово пристигнуваат во Прилеп, а со тоа ги потврдуваат и очекувањата за голема посетеност денеска. Обезбедени 12.000 паркинг места, а во центарот на градот има изменет режим на сообраќај.
Вечерва, програмата на главната сцена почнува во 18 часот, со настапот на DJ Вера Јанковиќ, а продолжува со Суперхикс, Ламбе Алабаковски, Лозано, Некст Тајм и Хари Мата Хара, додека на алтернативната сцена свои Dj сетови ќе имаат Dj Mitrik, Dj Dim­itr, Dj Alexan­der од ROOM­MA­NIA.

извор: espreso.mkespreso.mk

Instagram logo.svg

skica

preporaki