web

Последен фестивалски ден на Пивофест во Прилеп

DJI 0925

Со настапи на повеќе музичари од земјава и соседството, со бројна публика и посетители на штандовите, вечер завршува четиридневниот, 18-ти по ред Пивофест во Прилеп.

Синоќешната, саботна вечер, традиционално, беше најпосетена со илјадна публика која уживаше во забавата и дегустацијата на пенливите пијалаци и вкусната скара. Имаше гости од повеќе градови од земјава, како и нашинците кои живеат во странство. Прилепчани се убедени дека Фестивалот ги исполнува очекувањата. За градот е добро што традицијата продолжува.

Повеќе: Последен фестивалски ден на Пивофест во Прилеп

Хари Мата Хари и Сараевско пиво приредија ноќ за паметење во Прилеп

BeFunky collage 3 6

Илјадната публика на третата фестивалска вечер на “Пиво Фест” немаше време да здивне по настапите на Лозано, “Некст Тајм”, “Супер Хикс” и Ламбе Алабаковски, затоа што веднаш после нив на сцената застана босанскиот шармер, Хари Варешановиќ и неговиот бенд.

Повеќе: Хари Мата Хари и Сараевско пиво приредија ноќ за паметење во Прилеп

Емотивен настап на Ламбе Алабаковски на „Пиво Фест”: „Mислите ми се со Македонија и не ми е до пеење!“

FUN 8233

Илјадната публика на третата фестивалска вечер на „Пиво Фест” со нетрпение го очекуваше настапот на Ламбе Алабаковски, а тој возврати со многу емоции на сцената.

Пред неговиот настап рече дека неговите мисли денеска се со Македонија и не му е до пеење, а настапот го започна со една од неговите најпознати песни „Земјо моја”.

Во еден момент Ламбе од публиката доби знаме со сонцето од Кутлеш и гордо го развиори, потег кој беше поздравен со громогласен аплауз.

Повеќе: Емотивен настап на Ламбе Алабаковски на „Пиво Фест”: „Mислите ми се со Македонија и не ми е до…

Над 30 000 посетители на првиот ден од „Пиво фест“ во Прилеп

FAN 3110

„Ви посакувам убави поминати забавни вечери сите овие 4 дена од Пиво фест, а воедно уживајте во добрата забава, вкусната скара и ладното пиво. На здравје“, истакна синоќа на отворањето на 18-от ред Пиво фест во Прилеп, градоначалникот Борче Јовчески. 

Пиво фест е најмасовната и најпозната фестивалска манифестација во Македонија. Пред присутните настапија:  Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК и Џамбо Агушев оркестра. Посетителите велат дека по 2 години пауза полека се враќа стариот сјај на Фестивалот. 

„Нема подобро, треба дружба, ние доаѓаме од Скопје“, вели еден посетител.

„Од странство сум, годинава прв пат сум, оценката е чиста 10 за фестивалот“, вели друг посетител.

Повеќе: Над 30 000 посетители на првиот ден од „Пиво фест“ во Прилеп

Ламбе пред настапот на “Пиво Фест”: “Прилеп ЧЕ гopи, а пиво ќе го гаси”

lambe alabakoski

Прилеп се подготвува за третата фестивалска вечер на “Пиво Фест”, а една од музичките ѕвезди која ќе има настап на фестивалската сцена вечерва е Ламбе Алабаковски.

Во пресрет на неговиот настап во Прилеп, Алабаковски на Фејсбук напиша: “Утре 20:30 “Прилеп Че гори а пиво ќе го Гаси”

 

Пиво Фест 2022: Вечерва се очекува најмасовна посетеност на фестивалот

11112

Во Прилеп се одржува фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пиво Фест 2022“.

Штандовите и за време на втората фестивалска вечер беа преполни со посетители, а забавата која започна во 19 часот со настапот на Рок Блуз бенд, продолжи со настапите на Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, за да кулминира со енергичниот настап на Брас Брадрс. На алтернативната сцена свои дј сетови имаа Dj Anna Noo­dle и Dj Lili Diva.

Повеќе: Пиво Фест 2022: Вечерва се очекува најмасовна посетеност на фестивалот

Во Прилеп започнува Пивофест 2022

Со настапот на Елена Петреска, вечерва во Прилеп, по две годишна пауза, започнува фестивалот на пивото, скарата и добрата музика „Пиво Фест 2022“.

Градот домаќин е веќе подготвен да ги пречека гостите, кои според најавите од хотелиерите и угостителите, ќе ги има, не само од земјава, туку и од регионот, а се очекуваат 100-ци илјади гости, за време на четирите фестивалски денови. Организаторите од продукцијата АРТ 10, велат дека штандовите се веќе подготвени да ги пречекаат првите гости. Ќе се точат над 30-тина видови пиво и ќе се дегустира вкусната прилепска скара.

Повеќе: Во Прилеп започнува Пивофест 2022

Прилеп утре ќе биде центарот на најголемите забавни случувања во Македонија „Пиво фест 2022

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечески и органзизаторот на овогодишното издани на продукцијата Арт 10 Пиво Фест 2022, денеска, пред новинарите изјавија дека се’ е максимално подговено за 18 –то издание на најголемиот фестивална пивото и скарата во Македонија и на Балканот, Пивофест 2022 .

Мора да признаеме дека овој „Пиво фест„ со сите овие политички сличувања, здравствената криза, енергетската, економската криза, беше под знак прашање дали ќе се одржи , но ете за краток период го организиравме и се надевам дека ќе го врати сајајот кој го имаше на туристичката фестивалска мапата, на најубави фестивал во Македонија и на Балканот. Обезбедена е одлична музичка програма, градот е подготвен да ги прими сите посетители кои со своите автомобили ќе пристигнуваат на фестивалските денови, а, во однос на јавниот ред и мир , чистотата, хигиената на градот , водоснабдувањето, благодарение на работењето на ЈКП ‚Прилеп ќе биде организационо беспрекорен. Во контекст на тоа очекуваме 100 –ци илијади, гости во 4-те фестивалски денови.

Повеќе: Прилеп утре ќе биде центарот на најголемите забавни случувања во Македонија „Пиво фест 2022

Од „Ареа“ до „Меморија“: Прилеп е подготвен за годинашното издание на „Пивофест“

Прилеп е подготовен за 18. издание на една од најголемите летни забавни фестивалски манифестации – „Пивофест“. За сообраќај е затворено централното подрачје и веќе се поставуваат штандовите и сцените за четиридневното одржување на Фестивалот. Пивофест ќе почне утре, на 14 јули и ќе трае сѐ до недела, односно 17 јули.

Повеќе: Од „Ареа“ до „Меморија“: Прилеп е подготвен за годинашното издание на „Пивофест“

Се монтиpa фecтивалcката cцена во центapoт на Пpилеп

Од утрово се монтира фестивалската сцена во центарот на Прилеп, каде од 1417 јули ќе се одржи 18-то издание на најмасовната манифестација во Македонија, “Пиво Фест” 2022.

Четврток, 14 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.00 часот, а настапуваат: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестра, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Mario Eddie.

Повеќе: Се монтиpa фecтивалcката cцена во центapoт на Пpилеп

Во Прилеп воведен нов сообраќаен режим поради „Пиво Фест“

Од денес, 12 –ти јули до 18-ти јули, во Прилеп, поради потребите на Пиво – фестот 2022, се воведува нов сообраќаен режим во централното градско подрачје.

За сите оние кои планираат да го посетат Прилеп овие денови, но и за прилепчани кои сакаат да ги користат своите автомобили, поради организирање на манифестацијата „Пиво фест“ и поставување и монтирање на штандовите на пиварниците и угостителите , во наредните 7 дена, почнувајќи од денеска, дел од Булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со ул. „Прилепски Бранители“ ќе биде затворен, а сообраќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа.

Повеќе: Во Прилеп воведен нов сообраќаен режим поради „Пиво Фест“ 

Сега и официјално: Познати сите изведувачи и нивниот редослед за настап на четирите фестивалски вечери на “Пиво Фест”

Прилеп по 18. пат ќе биде домаќин на најмасовниот и најпопуларниот фестивал на пивото, скарата и убавата музика „Пивофест 2022“.

Годинава „Пивофест“ ќе има четири фестивалски вечери, со две сцени, една главна и една алтернативна, а најголем акцент е ставен на македонската музика и македонските изведувачи.

Повеќе: Сега и официјално: Познати сите изведувачи и нивниот редослед за настап на четирите фестивалски…

Прилеп подготвен за „Пиво — Фест“ 2022

Прилеп по 18. пат ќе биде домаќин на најмасовниот и најпопуларниот фестивал на пивото, скарата и убавата музика „Пивофест 2022“.

Годинава „Пивофест“ ќе има четири фестивалски вечери, со две сцени, една главна и една алтернативна, а најголем акцент е ставен на македонската музика и македонските изведувачи.

Повеќе: Прилеп подготвен за „Пиво - Фест“ 2022

Instagram logo.svg

skica

preporaki