Прилеп е подготвен за 17 – тото издание на Пиво фест
Од 18 до 21 јули, Прилеп по 17-ти пат ќе биде домаќин на најголемиот фестивал на пивото кој и оваа година ќе понуди повеќе видови пиво, скара и одлична музика во изведба на еминентни музички имиња.
Повеќе: Прилеп е подготвен за 17 – тото издание на Пиво фест
Заврши 16-тиот фестивал на пиво и скара
Со големи овации, со скандирања, пеење на неговите хитови и со спектакуларниот настап на ѕвездата на вечерта, Шабан Шаулиќ заврши „Пивофест 2018“, што по 16 пат се организира во Прилеп. Балканската фолк ѕвезда Шаулиќ, со овации беше наградуван од публиката, а неговите фанови бараа повеќе пати бис и нова изведба.
Видео — Повеќе од 200.000 посетители на „Пивофест 2018“
Годинешното 16-то издание на „Пивофест“, го посетиле над 200.000 граѓани од Македонија и од странство, а најголема посетеност е регистрирана во деновите од викендот, кога во градот влегле над 8.000 возила. Фестивалот на пивото и скарата помина во убава атмосфера, а службите задолжени за безбедноста, хигиената и редот, придонесоа „Пивофест 2018“ да помине без никакви посериозни инциденти. Ова се главните поенти од денешната прес конференција на градоначалникот Илија Јованоски и Дарко Манасијески од агенцијата „Ентфинити“.
Повеќе: Видео - Повеќе од 200.000 посетители на „Пивофест 2018“
Видео — ’Либеро Бенд’ ветуваат добра забава на „Пивофест 2018“
На само еден час пред почетокот на официјалниот настап на познатата музичка група “Либеро Бенд’,на четвртата последна вечер на „Пивофест2018“, тие ветуваат одлична забава за публиката.
Повеќе: Видео - ’Либеро Бенд’ ветуваат добра забава на „Пивофест 2018“