web

Тони Зен: „Ќе уживаме заедно во добрата атмосфера!“

DSC 0192

Благодарност за градот, благодарност за организаторите кои ме поканија, бидејќи сум за прв пат сум на ‘Пивофест’ и не можам да дадам некоја поконкретна изјава за настанот, сега за сега е сè супер. Вечерва публиката ќе ја има можноста да слушне повеќе хитови од мене и секако сите заедно ќе уживаме во добрата атмосфера. Голем љубител сум на пиво и вечерва ќе пијам пиво“, посочи Тони Зен.

Дани Димитровска: „Важно ми е, луѓето да се среќни!“

DSC 0207

„Очекувам убава позитивна енергија во оваа земја, убава македонска музика, многу македонски артисти, насмеани лица и многу добра забава. Мене ми е ова второ или трето појавување на „Пивофест“. Овој фестивал секогаш имал одлична организација, технички било се како што треба и битно е што јас сум задоволна. Но, тоа што ми е важно е луѓето да се среќни и сите да уживаме во еден прекрасен настап“, изјави Дани Димитровска, извонредниот женски вокал на македонската сцена, пред почеток на нејзиниот настап на „Пивофест 2018“ во Прилеп.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Со одлична музичка понуда почна „Пивофест 2018

12 07 2018 011

2018-07-12 23:12

Прилеп ги отвори вратите за љубителите на ладното пиво и вкусната скара.

Прогласувајќи го годинешното 16-то издание на „Пивофест“ за отворено, градоначалникот Илија Јованоски рече дека прилепчани се познати како добри домаќини, што гарантира дека во следните четири денови, посетителите на „Пивофест 2018“ ќе имаат незаборавно дружење и забава.

Повеќе: ФОТО ГАЛЕРИЈА: Со одлична музичка понуда почна „Пивофест 2018

Instagram logo.svg

skica

preporaki