web

Општина Прилеп и „Баги Комуникации“ едногласни: „Пивофест 2019“ беше успешна приказна

На задоволство на организаторите, учесниците и пред се’ посетителите, годинешното 17-то по ред издание на „Пивофест 2019“ може да се оцени како успешна приказна.

Тоа е констатацијата од денешната прес конференција, на која градоначалникот Илија Јованоски и Маја Бабиќ од „Баги Комуникации“, дадоа резиме на четиридневните случувања на фестивалот на пивото.

Повеќе: Општина Прилеп и „Баги Комуникации“ едногласни: „Пивофест 2019“ беше успешна приказна

Данијела Мартиновиќ за финале на „Пивофест 2019

Со настапот на Cyril­lic, синоќа беше ставена точка на годинешното 17-то по ред издание на „Пивофест“.

Ѕвезда на поседната, четврта вечер на „Пивофест 2019“ беше шармантната Данијела Мартиновиќ, која со интерпретацијата на своите бројни хитови ги освои срцата на посетителите. Публиката ќе го памети и спектакуларниот настап на групата „Кал Бенд“, како и на прилепчаните „The Four“.

Повеќе: Данијела Мартиновиќ за финале на „Пивофест 2019

Вечер за паметење со Влатко Стефаноски Трио, Нокаут, The Hounds и Фрајле

Посетителите на третата вечер на 17 – тото издание на Пиво фест, синоќа се забавуваа на изведбите на The Hounds, Фрајле,  Влатко Стефаноски Трио и Нокаут.

Повеќе: Вечер за паметење со Влатко Стефаноски Трио, Нокаут, The Hounds и Фрајле

Голема посетеност на втората фестивалска вечер од Пиво фест

Сите патишта за љубителите на ладното пиво, вкусната скара и убавата музика, синоќа водеа кон Прилеп. Огромен број на граѓани од сите градови на нашата земја, дојдоа во градот под Марковите кули за да бидат дел од годинешното 17-то издание на „Пиво фест 2019“. Синоќа свои настапи имаа Светлана Ражњатовиќ – Цеца, Миле Кузманоски, Ален Хасановиќ и составот Кантурови.

Повеќе: Голема посетеност на втората фестивалска вечер од Пиво фест

Instagram logo.svg

skica

preporaki