selfie2018

Заврши 16-тиот фестивал на пиво и скара

DSC 0929

Со големи овации, со скандирања, пеење на неговите хитови и со спектакуларниот настап на ѕвездата на вечерта, Шабан Шаулиќ заврши „Пивофест 2018“, што по 16 пат се организира во Прилеп. Балканската фолк ѕвезда Шаулиќ, со овации беше наградуван од публиката, а неговите фанови бараа повеќе пати бис и нова изведба.

Градоначалникот Илија Јованоски упати голема благодарност до организаторите и до сите институции и угостители, кои дадоа максимален придонес сè да биде вo ред и за 16. фестивал на пивото и скарата.

DSC 0874

Ова е најголемата културнозабавна манифестација во Република Македонија од ваков тип. Јас сум убеден дека овие четири изминати денови и ноќи сите заедно се дружевме, се забавувавме и уживавме во она што го дадоа сите пиварници со ладното пиво, со вкусната скатра на прилепчани и од прекрасната музика која траеше до раните утрински часови. Во оваа пригода сакам да им се заблагодарам на организаторите, агенцијата ‘Инфинити’, на дел од вработените во локалната самоуправа кои овие неколку недели непрекинато работеа на овој фестивал, на сите компании, субјекти, а особено голема благодарност за јавните претпријатија, Министерството за внатрешни работи, како и на водителите Јана и Ненад. Бидете здрави и живи и се гледаме на наредниот фестивал на пиво“, порача синоќа од сцената, градоначалникот Јованоски.

Публиката уживаше и во настапите на Милица Тодоровиќ, Александра Јанева и „Либеро Бенд“, пеејќи ги во еден здив многубројните хитови.

DSC 0814

DSC 0049

 

Instagram logo.svg

skica

preporaki