Видео — „Пивофест 2018“ — трета вечер за паметење

 14 07 2018 29

Сите патишта за љубителите на ладното пиво, вкусната скара и убавата музика, синоќа водеа кон Прилеп. Огромен број на граѓани од сите градови од Република Македонија, дојдоа во градот под Марковите кули за да бидат дел од годинешното 16-то издание на „Пивофест 2018“.

Општ е впечатокот дека синоќешната вечер долго ќе остане запаметена кај сите посетители што ја проследија музичката понуда на „Пивофест 2018“. Главна причина за тоа беше настапот на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Жељко Јоксимовиќ, кој заедно со публиката отпеа дел од својот богат репертоар. Покрај него, на големата фестивалска бина настапија и Џенан Лончаревиќ, „Next Time“ и For­tis­simo и Гоце Чоки.   

Вчерашниот трет ден од фестивалот на пивото и скарата, помина во убава атмосфера, без никакви посериозни инциденти. Меѓу посетителите беше и премиерот Зоран Заев, кој од еден од штандовите го проследи настапот на Жељко Јоксимовиќ.

Денеска е последниот, четврт ден од „Пивофест 2018“, на кој се очекува слична посета како вчерашната. За уште една вечер за паметење ќе се погрижат Шабан Шаулиќ, Милица Тодоровиќ, „Либеро бенд“ и Александра Јанева.  

 

 


AdmirorGallery 4.5.0, author/s Vasiljevski & Kekeljevic.