selfie2018

Видео: Групата Next Time, дел од третата музичка вечер на „Пивофест 2018

Stefan Next Time

Дел од музичката понуда на третата вечер на „Пивофест 2018“, е и групата Next Time. Групата за прв пат во нивната 10 годишна кариера настапува на „Пивофест“, што е мотив плус да им ги докажат своите квалитети на македонската и, особено, на прилепската публика.

„Очекуваме се’ да биде на високо професионално ниво. Репертоарот кој ќе го свириме 80 отсто се состои од нашите авторски песни кои ги пееме во изминатите 10 години. Имаме и некои песни кои ние обожуваме да ги пееме на настапите, некои кавер песни, англиски песни, рок, како на пример Тина Тарнер, Whites­nake, нешто слично на тоа“, вели фронтменот на Next Time, Стефан Филиповски.

Стефан и неговиот брат близнак Мартин, како и останатите колеги од групата, како што велат, се љубители на пивото, кое во комбинација со прилепската скара имаат намера да го конзумираат после нивниот вечерашен настап.    

Instagram logo.svg

skica

preporaki