selfie2018

Видео: Се очекува масовна посетеност за вечерашната музичка понуда на „Пивофест 2018

DSC 0092

Љубителите на „Пивофест 2018“, туристи од другите градови и гости од соседните земји и пошироко,можеа да се видат на синоќешната забава, во втората фестивалска вечер во Прилеп. Сите тие уживаа во одличната забава со познатите хитови на: Ван Гог, Дарио, Црвена Јабука и ДЈ Мозел.

Ладно пиво, одлична вкусна скара и прекрасна забава до раните утрински часови се неповторливите доживувања во градот под Марковите кули за овие четири фестивалски денови.

„Сите сме задоволни од она што го видовме, пред сè од понудената музика на Ван Гог, Дарио, Црвена Јабука и Мозел. Младите останаа до раните утрински часови. Ноќта помина без никакви инциденти и во најдобар ред, ме информираа служните коишто беспрекорно ја извршуваат својата работа. Денеска влегуваме во вториот дел од фестивалот.Очекуваме дека вечерва забавата ќе кулминира, со настапите на Жељко и останатите гости“, прогнозира градоначаникот Јованоски.

А, на програмата на фестивалот на пивото и скарата, вечерва од 21:00 часот се настапите на: Фортисимо бенд и Гоце Чоки, Некст Тајм, Џенан Лончаревиќ и балканската мега ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Иако Јоксимовиќ по втор пат гостува на овој фестивал, тој има многу фанови во Македонија, коишто најавуваат присуство за неговиот вечерашен концерт.

Instagram logo.svg

skica

preporaki