selfie2018

Видео: Прилеп ги отвора вратите на „Пивофест 2018

DSC 0117

Подготвен, сигурен и безбеден, Прилеп ги одбројува последните часови пред почетокот на „Пивофест 2018“. Сите институции што учествуваат во подготовката и организацијата на фестивалот, секоја во својата област, континуирано работат на обезбедување на неопходните услови за успешно издание на годинешниот 16 — ти по ред „Пивофест“.

DSC 0123

Општина Прилеп како поддржувач на настанот и организаторот на фестивалот, агенцијата ‘Ентфинити’, се комплетно подготвени за почеток на забавата која ќе се случува во следните 4 денови. Сакам да упатам благодарност до сите компании кои финансиски ја поддржаа оваа манифестација и придонесоа за нејзина успешна организација. Благодарност и до вас, медиумите, затоа што е широка листата на медиумски покровители за популаризација на фестивалот, со што придонесовте ‘Пивофест’ да добие на значење не само во Прилеп, туку пошироко во државата и надвор од неа.

Ги повикувам сите наши сограѓани и драгите гости кои ќе пристигнат во нашиот град, да се забавуваат и да уживаат со вкусната скара и ладното пиво“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

DSC 0127

Организаторот на „Пивофест 2018“, агенцијата „Ентфинити“, ја искажа својата благодарност до Општина Прилеп и до сите институции што го даваат својот придонес во организацијата на оваа манифестација.

Ние сме спремни и настанот можеме да го отвориме. Испраќаме апел до сите граѓани од нашата држава и пошироко, дека Прилеп е отворен за цел Балкан. Од денеска па до недела, претстојат 4 денови на одлична забава. Се надеваме дека се’ ќе помине според планираното и дека заедно ќе изградиме уште една убава приказна за овој град“, вели Дарко Манасијески од „Ентфинити“.

DSC 0142

Водителите на „Пивофест 2018“, Јана Серафимова и Ненад Георгиевски, не се сомневаат дека Прилеп и прилепчани повторно ќе докажат дека се одлични домаќини и дека посетителите на фестивалот ќе имаат причини за добро расположение.

DSC 0143

Отворањето на „Пивофест 2018“ е во 21 часот, а репертоарот на оваа прва фестивалска вечер се Бени и „Нон Стоп“, Дани, Тони Зен и Кирил Џајковски со David Lion.

DSC 0153

Instagram logo.svg

skica

preporaki