selfie2018

Видео — ’Либеро Бенд’ ветуваат добра забава на „Пивофест 2018

slika libero

На само еден час пред почетокот на официјалниот настап на познатата музичка група “Либеро Бенд’,на четвртата последна вечер на „Пивофест2018“, тие ветуваат одлична забава за публиката.

Повеќе: Видео -  ’Либеро Бенд’ ветуваат добра забава на „Пивофест 2018

Видео — Четвртата фестивалска вечер во ритамот на Милица Тодоровиќ и Шабан Шаулиќ

DSC 0847 696x464

Помина уште една фестивалска вечер во знакот на добрата музика, вкусната скара и ладното пиво. Посетителите уживаа во богатата музичка програма. Организаторите се задоволни од тоа како помина и третата фестивалска вечер, а особено од фактот што целата фестивалска забава изминува во најдобар ред и мир, а хигиената е на високо ниво.

Повеќе: Видео - Четвртата фестивалска вечер во ритамот на Милица Тодоровиќ и Шабан Шаулиќ

Видео — „Пивофест 2018“ — трета вечер за паметење

 14 07 2018 29

Сите патишта за љубителите на ладното пиво, вкусната скара и убавата музика, синоќа водеа кон Прилеп. Огромен број на граѓани од сите градови од Република Македонија, дојдоа во градот под Марковите кули за да бидат дел од годинешното 16-то издание на „Пивофест 2018“.

Повеќе: Видео - „Пивофест 2018“ - трета вечер за паметење

Видео: Групата Next Time, дел од третата музичка вечер на „Пивофест 2018

Stefan Next Time

Дел од музичката понуда на третата вечер на „Пивофест 2018“, е и групата Next Time. Групата за прв пат во нивната 10 годишна кариера настапува на „Пивофест“, што е мотив плус да им ги докажат своите квалитети на македонската и, особено, на прилепската публика.

Повеќе: Видео: Групата Next Time, дел од третата музичка вечер на „Пивофест 2018

Видео: Се очекува масовна посетеност за вечерашната музичка понуда на „Пивофест 2018

DSC 0092

Љубителите на „Пивофест 2018“, туристи од другите градови и гости од соседните земји и пошироко,можеа да се видат на синоќешната забава, во втората фестивалска вечер во Прилеп. Сите тие уживаа во одличната забава со познатите хитови на: Ван Гог, Дарио, Црвена Јабука и ДЈ Мозел.

Повеќе: Видео: Се очекува масовна посетеност за вечерашната музичка понуда на „Пивофест 2018

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Кулминираше атмосферата на втората вечер од „Пивофест 2018

13 07 2018 07

Со моќниот настап на ВАН ГОГ, составот кој ја размрда прилепската публиката, започна втората вечер од фестивалот на пивото и скарата. Прилепчани во еден глас ги пееја рефрените на Дарио и „Миг 21“, а атмосферата кулминираше со настапот на Црвена јабука.

Повеќе: ФОТО ГАЛЕРИЈА: Кулминираше атмосферата на втората вечер од „Пивофест 2018

Видео: Ди џеј Мозел и Дарио очекуваат одлична забава на „Пивофест 2018

DSC 1090

Ди џеј Мозел, за чијшто музички избор вечерва е резервиран последниот дел од музичката понуда на „Пивофест 2018“, на средбата со новинарите, што се одржа токму пред тонската проба на сцената, со весела насмевка најави дека тој всушност е многу задоволен што е во Прилеп.

Повеќе: Видео: Ди џеј Мозел и Дарио очекуваат одлична забава на „Пивофест 2018

Видео — Камперите на Паркот на револуцијата, презадоволни од организацијата и од добрата забава

DSC 0699

И годинава, Паркот на револуцијата е средиште каде што луѓето со авантуристички дух за време на „Пивофест“ овде се релаксираат, и уживаат во добрата забава на журката со ладно пиво и скара, а утрата им почнуваат со вкусен појадок, кафе и чај.

Повеќе: Видео - Камперите на Паркот на револуцијата, презадоволни од организацијата и од добрата забава

Видео: Првата фестивалска вечер помина во одлична атмосфера

DSC 1044

Градоначалникот Илија Јованоски,  заедно со водителите Јана Серафимова и Ненад Георгиевски на денешната прес конференција пренесувајќи ги импресиите од првата фестивалска вечер, поделувајќи го мислењето и од други граѓани, истакнаа дека првата фестивалска вечер од традиционалниот 16 по ред „Пивофест 2018“ измина во убава атмосфера со добра забава и присуство на многу млади луѓе, особено пред сцената.

Повеќе: Видео: Првата фестивалска вечер помина во одлична атмосфера

Тони Зен: „Ќе уживаме заедно во добрата атмосфера!“

DSC 0192

Благодарност за градот, благодарност за организаторите кои ме поканија, бидејќи сум за прв пат сум на ‘Пивофест’ и не можам да дадам некоја поконкретна изјава за настанот, сега за сега е сè супер. Вечерва публиката ќе ја има можноста да слушне повеќе хитови од мене и секако сите заедно ќе уживаме во добрата атмосфера. Голем љубител сум на пиво и вечерва ќе пијам пиво“, посочи Тони Зен.

Дани Димитровска: „Важно ми е, луѓето да се среќни!“

DSC 0207

„Очекувам убава позитивна енергија во оваа земја, убава македонска музика, многу македонски артисти, насмеани лица и многу добра забава. Мене ми е ова второ или трето појавување на „Пивофест“. Овој фестивал секогаш имал одлична организација, технички било се како што треба и битно е што јас сум задоволна. Но, тоа што ми е важно е луѓето да се среќни и сите да уживаме во еден прекрасен настап“, изјави Дани Димитровска, извонредниот женски вокал на македонската сцена, пред почеток на нејзиниот настап на „Пивофест 2018“ во Прилеп.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Со одлична музичка понуда почна „Пивофест 2018

12 07 2018 011

2018-07-12 23:12

Прилеп ги отвори вратите за љубителите на ладното пиво и вкусната скара.

Прогласувајќи го годинешното 16-то издание на „Пивофест“ за отворено, градоначалникот Илија Јованоски рече дека прилепчани се познати како добри домаќини, што гарантира дека во следните четири денови, посетителите на „Пивофест 2018“ ќе имаат незаборавно дружење и забава.

Повеќе: ФОТО ГАЛЕРИЈА: Со одлична музичка понуда почна „Пивофест 2018

Стигнуваат првите кампери на Паркот на револуцијата

3

Љубителите на пивофестовските забави со авантуристички дух, кои по традиција доаѓаат во Прилеп, веќе се сместени во Паркот на револуцијата. Од ЈКП „Комуналец“ преземени се сите мерки, за да се обезбедат што подобри услови за кампување.

Повеќе: Стигнуваат првите кампери на Паркот на револуцијата

Видео: Прилеп ги отвора вратите на „Пивофест 2018

DSC 0117

Подготвен, сигурен и безбеден, Прилеп ги одбројува последните часови пред почетокот на „Пивофест 2018“. Сите институции што учествуваат во подготовката и организацијата на фестивалот, секоја во својата област, континуирано работат на обезбедување на неопходните услови за успешно издание на годинешниот 16 — ти по ред „Пивофест“.

Повеќе: Видео: Прилеп ги отвора вратите на „Пивофест 2018

ЈКП „Комуналец“ со препораки за време на фестивалот на пивото и скарата

kom

По повод 16-от по ред фестивал на пиво „Пиво фест 2018“, сите служби се на располагање во наредните четири фестивалски дена. ЈКП „Комуналец“  издаде согласност  за поставување на  времени локации за собирање  и отстранување  на отпад, одржување на хигиена за време на настанот од 10.07.2018 до 16.07.2018 год. до 14 час. ЈКП „Комуналец“ за време на фестивалот, ќе врши собирање, селекција, транспортирање и депонирање на отпадот. Во истиот период  ќе врши  чистење и миење на  просторот. За овој временски период од комуналното претпријатије велат дека секојдневно ќе бидат ангажирани околу  60 лица, возила за подигање на отпад, патнички возила и две цистерни.

Повеќе: ЈКП „Комуналец“ со препораки за време на фестивалот на пивото и скарата

Прилеп подготвен за почетокот на „Пивофeст 2018

DSC 0677

На еден ден пред почетокот на годинешното 16-то издание на „Пивофест 2018“, Прилеп е подготвен да ги пречека учесниците и посетителите на најголемиот фестивал на пиво и скара во нашата држава.

Повеќе: Прилеп подготвен за почетокот на „Пивофeст 2018

Привршуваат подготовките за „Пивофeст 2018

promo pivofest 696x521

Општина Прилеп и агенцијата „Ентфинити“ ги привршуваат подготовките за почетокот на годинешното 16-то издание на „Пивофест“, кое ќе се одржи од 12 до 15 јули. Координативното тело кое се грижи за безбедноста на учесниците и посетителите на „Пивофест 2018“, а во кое има претставници на локалната самоуправа, Полициската станица – Прилеп, службата за Итна медицинска помош, Територијалната противпожарна единица, Агенцијата за храна, Центарот за управување со кризи, јавните комунални претпријатија и други институции, во континуитет одржува состаноци, a ќе биде активно се’ до завршувањето на фестивалот на пивото и скарата.

Повеќе: Привршуваат подготовките за „Пивофeст 2018

ПРИЛЕП ПОДГОТВЕН ЗА ПОЧЕТОК НАПИВОФЕСТ 2018

Од 12 до 15 јули, Прилеп по 16-ти пат ќе биде домаќин на најголемиот фестивал на пивото и скарата не само во Македонија, туку и на пошироките балкански простори, „Пивофест 2018“. Различните брендирани видови пиво, прочуената прилепска скара и богатата музичка понуда, се најголемите причини поради кои во четирите денови на траење на фестивалот, Прилеп ќе биде главниот центар на забавата во нашата држава.

Повеќе: ПРИЛЕП ПОДГОТВЕН ЗА ПОЧЕТОК НА „ПИВОФЕСТ 2018

Instagram logo.svg

skica

preporaki