Прилеп е подготовен за 18. издание на една од најголемите летни забавни фестивалски манифестации – „Пивофест“. За сообраќај е затворено централното подрачје и веќе се поставуваат штандовите и сцените за четиридневното одржување на Фестивалот. Пивофест ќе почне утре, на 14 јули и ќе трае сѐ до недела, односно 17 јули.
Повеќе: Од „Ареа“ до „Меморија“: Прилеп е подготвен за годинашното издание на „Пивофест“
Од утрово се монтира фестивалската сцена во центарот на Прилеп, каде од 14–17 јули ќе се одржи 18-то издание на најмасовната манифестација во Македонија, “Пиво Фест” 2022.
Четврток, 14 јули, програмата на главна сцена започнува во 18.00 часот, а настапуваат: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестра, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Mario Eddie.
Повеќе: Се монтиpa фecтивалcката cцена во центapoт на Пpилеп
Од денес, 12 –ти јули до 18-ти јули, во Прилеп, поради потребите на Пиво – фестот 2022, се воведува нов сообраќаен режим во централното градско подрачје.
За сите оние кои планираат да го посетат Прилеп овие денови, но и за прилепчани кои сакаат да ги користат своите автомобили, поради организирање на манифестацијата „Пиво фест“ и поставување и монтирање на штандовите на пиварниците и угостителите , во наредните 7 дена, почнувајќи од денеска, дел од Булеварот „Гоце Делчев“ од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со ул. „Прилепски Бранители“ ќе биде затворен, а сообраќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа.
Повеќе: Во Прилеп воведен нов сообраќаен режим поради „Пиво Фест“
Прилеп по 18. пат ќе биде домаќин на најмасовниот и најпопуларниот фестивал на пивото, скарата и убавата музика „Пивофест 2022“.
Годинава „Пивофест“ ќе има четири фестивалски вечери, со две сцени, една главна и една алтернативна, а најголем акцент е ставен на македонската музика и македонските изведувачи.