Неподелен е впечатокот дека првата вечер на „Пивофест 2019“ помина во одлична атмосфера и голема посетеност, што во претходните години не беше карактеристика за првиот фестивалски ден.
Градоначалникот Илија Јованоски рече дека е нескриено неговото чувство на радост, што синоќешната вечер помина одлично, на задоволство како на учесниците и организаторите, така и на посетителите.
„Сакам да ве убедам дека сме спремни за почеток на годинешниот ‘Пивофест 2019’. Направени се сите подготовки, спремни се сите штандови, главната бина на која вечер ќе настапат изведувачите“, истакна на денешната прес конференција непосредно пред почетокот на манифестацијата, градоначалникот Илија Јованоски.
Во тек се завршните подготовки за почеток на годинешниот 17-ти „Пивофест 2019“ и нема дилеми дека Прилеп ќе има уште едно успешно издание на фестивалот на пивото. Тоа на денешната прес конференција го истакнаа градоначалникот Илија Јованоски и директорите на јавните претпријатија кои, секој од својот домен на работа, имаат значајна улога во обезбедувањето услови за успешна организација на оваа манифестација. Истовремено, се подготвува главната бина која до крајот на денот ќе биде готова, а се припремаат и штандовите за пиво и скара.
Во пресрет на почетокот на „Пивофест 2019“, од ЈКП „Комуналец“ е издадена согласност за поставување времени локации за собирање и отстранување отпад, одржување на хигиената за време на настанот од 15.07.2019 до 22.07.2019 година до 14 часот. За време на фестивалот, јавното претпријатие ќе врши собирање, селекција, транспортирање и депонирање на отпадот. Во истиот период ќе врши чистење и миење на просторот. За овој временски период ќе бидат ангажирани околу 70 лица, возила за подигање на отпад, патнички возила и две цистерни.
Повеќе: Препораки на ЈКП „Комуналец“ за време на одржувањето на „Пивофест 2019“