Љубителите на пивофестовските забави со авантуристички дух, кои по традиција доаѓаат во Прилеп, веќе се сместени во Паркот на револуцијата. Од ЈКП „Комуналец“ преземени се сите мерки, за да се обезбедат што подобри услови за кампување.
Подготвен, сигурен и безбеден, Прилеп ги одбројува последните часови пред почетокот на „Пивофест 2018“. Сите институции што учествуваат во подготовката и организацијата на фестивалот, секоја во својата област, континуирано работат на обезбедување на неопходните услови за успешно издание на годинешниот 16 — ти по ред „Пивофест“.
По повод 16-от по ред фестивал на пиво „Пиво фест 2018“, сите служби се на располагање во наредните четири фестивалски дена. ЈКП „Комуналец“ издаде согласност за поставување на времени локации за собирање и отстранување на отпад, одржување на хигиена за време на настанот од 10.07.2018 до 16.07.2018 год. до 14 час. ЈКП „Комуналец“ за време на фестивалот, ќе врши собирање, селекција, транспортирање и депонирање на отпадот. Во истиот период ќе врши чистење и миење на просторот. За овој временски период од комуналното претпријатије велат дека секојдневно ќе бидат ангажирани околу 60 лица, возила за подигање на отпад, патнички возила и две цистерни.
Повеќе: ЈКП „Комуналец“ со препораки за време на фестивалот на пивото и скарата
На еден ден пред почетокот на годинешното 16-то издание на „Пивофест 2018“, Прилеп е подготвен да ги пречека учесниците и посетителите на најголемиот фестивал на пиво и скара во нашата држава.