„Благодарност за градот, благодарност за организаторите кои ме поканија, бидејќи сум за прв пат сум на ‘Пивофест’ и не можам да дадам некоја поконкретна изјава за настанот, сега за сега е сè супер. Вечерва публиката ќе ја има можноста да слушне повеќе хитови од мене и секако сите заедно ќе уживаме во добрата атмосфера. Голем љубител сум на пиво и вечерва ќе пијам пиво“, посочи Тони Зен.
„Очекувам убава позитивна енергија во оваа земја, убава македонска музика, многу македонски артисти, насмеани лица и многу добра забава. Мене ми е ова второ или трето појавување на „Пивофест“. Овој фестивал секогаш имал одлична организација, технички било се како што треба и битно е што јас сум задоволна. Но, тоа што ми е важно е луѓето да се среќни и сите да уживаме во еден прекрасен настап“, изјави Дани Димитровска, извонредниот женски вокал на македонската сцена, пред почеток на нејзиниот настап на „Пивофест 2018“ во Прилеп.
2018-07-12 23:12
Прилеп ги отвори вратите за љубителите на ладното пиво и вкусната скара.
Прогласувајќи го годинешното 16-то издание на „Пивофест“ за отворено, градоначалникот Илија Јованоски рече дека прилепчани се познати како добри домаќини, што гарантира дека во следните четири денови, посетителите на „Пивофест 2018“ ќе имаат незаборавно дружење и забава.
Повеќе: ФОТО ГАЛЕРИЈА: Со одлична музичка понуда почна „Пивофест 2018“