Со моќниот настап на ВАН ГОГ, составот кој ја размрда прилепската публиката, започна втората вечер од фестивалот на пивото и скарата. Прилепчани во еден глас ги пееја рефрените на Дарио и „Миг 21“, а атмосферата кулминираше со настапот на Црвена јабука.
Повеќе: ФОТО ГАЛЕРИЈА: Кулминираше атмосферата на втората вечер од „Пивофест 2018“
Ди џеј Мозел, за чијшто музички избор вечерва е резервиран последниот дел од музичката понуда на „Пивофест 2018“, на средбата со новинарите, што се одржа токму пред тонската проба на сцената, со весела насмевка најави дека тој всушност е многу задоволен што е во Прилеп.
Повеќе: Видео: Ди џеј Мозел и Дарио очекуваат одлична забава на „Пивофест 2018“
И годинава, Паркот на револуцијата е средиште каде што луѓето со авантуристички дух за време на „Пивофест“ овде се релаксираат, и уживаат во добрата забава на журката со ладно пиво и скара, а утрата им почнуваат со вкусен појадок, кафе и чај.
Градоначалникот Илија Јованоски, заедно со водителите Јана Серафимова и Ненад Георгиевски на денешната прес конференција пренесувајќи ги импресиите од првата фестивалска вечер, поделувајќи го мислењето и од други граѓани, истакнаа дека првата фестивалска вечер од традиционалниот 16 по ред „Пивофест 2018“ измина во убава атмосфера со добра забава и присуство на многу млади луѓе, особено пред сцената.
Повеќе: Видео: Првата фестивалска вечер помина во одлична атмосфера